Утрински Весник
Спорт

Пипен: Ова не е НБА, во „меурот“ се игра обичен баскет

Пипен: Ова не е НБА, во „меурот“ се игра обичен баскет

Шесткратниот шампион во НБА со Чикаго Булс, Скоти Пипен, не е воодушевен од начинот на кој завршува сезоната. Поради пандемијата со кронавирусот, НБА, реши плејофот да се игра во „меурот“ во Орландо.

Пипен смета дека конкуренцијата и состојбата во лигата не е сериозна.

„Искрено, ова што го гледаме во „меурот“ не е НБА. Ја нема онаа препознатлива борба, нема навивачи, нема патувања што можат да ви ја нарушат концентрацијата. Ова не е кошарка, ова е обичен баскет“, рекол Пипен.

> Пипен: Ова не е НБА, во „меурот“ се игра обичен баскет <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на Нации

ЗОИ 2026: ИОК го дисквалификува Украинецот Гераскевич поради носење нелегална кацига

Влезниците за воведувањето на Федерер во тениската „Сала на славните“ распродадени за две минути