Утрински Весник
Македонија

„Пиниокио“ уште една претстава на онлајн репертоарот на Кумановскиот театар

„Пиниокио“ уште една претстава на онлајн репертоарот на Кумановскиот театар

Куманово, 20 март 2020 (МИА) – Кумановскиот театар продолжува со online репертоарот кој го почна оваа недела. Од денеска, гледачите, децата и возрасните можат да ја проследат претставата „Пинокио“.

-Се надеваме дека ќе уживате во ликовите на Ѓепето, Пинокио, самовилата, лисицата, мачорот и сите останати ликови кои ќе ви приредат една незаборавна авантура, информираат од Кумановскиот театар.

„Пинокио“ е работена по тескт на Карло Колоди, во режија на Бојана Краљевска, а играат: Александра Михајловска, Владо Дојчиноски, Сања Русеска, Мартин Лазаревски, Кети Дончевска Илиќ, Љупчо Хаџи – Стојанов. Претходно, Кумановскиот театар ги прикачи, комедијата „Бегај, еве ја жена ти-Па не баш“, детската претстава „Волшебникот од Оз“ и „Ревизор“. ам/оџ/

Претставата ќе биде на следниов линк:

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шукова со честитка за Илинден: Заедно да градиме нова иднина, да ги движиме и Скопје и Македонија напред!

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката