Утрински Весник
Свет

Пилот на „Бритиш ервејс“ се онесвести над Загреб, авионот мораше да слета во Цирих

Пилот на „Бритиш ервејс“ се онесвести над Загреб, авионот мораше да слета во Цирих
Dik 300x250 mk

Авион на „Бритиш ервејс“, кој летал од Лондон кон Атина, морал да слета во Цирих веднаш откако првиот офицер се онесвестил во пилотската кабина, пренесува „Индипендент“.

Копилотот на „ербас А320“ му се пожалил на својот колега дека се чувствува лошо на половина пат од тричасовниот лет за Атина.

Целиот инцидент се случил над Загреб, а капетанот одлучил да се врати во Лондон.

Меѓутоа, откако неговиот колега одеднаш се онесвестил, тој бил принуден итно да слета во Цирих.

По шестчасовно чекање во Цирих, авионот пристигнал во Атина девет часа по полетувањето од Хитроу во Лондон.

„Безбедноста на нашите патници и екипаж е врвен приоритет. За тоа време се грижевме за патниците“, вели портпаролот на авиокомпанијата, кој истакна дека инцидентот не е поврзан со испарувањата во пилотската кабина, што порано се поврзуваше со здравствената состојба на пилотот.

„Првиот офицер едноставно се чувствуваше лошо“, заклучи портпаролот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата беше несреќа или напад

Кина ги повика САД на сериозно почитување на меѓународната забрана за нуклеарни тестирања

Трамп: САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина