Утрински Весник
Моја Кујна

Пилешки копани со сос и зеленчук

Mm 22345 Mm2

Доколку немате идеја што за ручек, еве ви еден супер брз и вкусен предлог.
Копаните(4-5) ставете ги да се варат околу 15-20 минути и оставете ги малку да се изладат, а настрана сварете мешавина од морков, компир и грашок. Извадете го месото од копаните и поделете го на помали парчиња. Најпрво запржете го месото и тргнете го настрана, па во истата тава направете го сосот. На 2-3 лажици масло кратко пропржете 2 лажици брашно и додадете 2 шолји млеко( или 1 шолја млеко, 1 шолја вода). Поварете го сосот неколку минути и додадете го месото и зеленчукот. Зачинете по желба и послужете. Можете да ставите копани, пилешко филе или стек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascooking) on

Можете да прочитате

Нутриционистите откриваат зошто луѓето имаат потреба од благо

utrinskilogin

Чоколадни бомбици (4 состојки)

Тортиљи со кашкавал