Утрински Весник
Спорт

Пикси: Тешка група, имаме квалитет да се носиме со противниците

Пикси: Тешка група, имаме квалитет да се носиме со противниците
Dik 300x250 mk

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, со бирани зборови ја коментирал ждрепката за СП во Катар. Србија доби тешка група со Бразил, Швајцарија и Камерун. Интересно Србите беа во иста група со Барзил и Швајцарија и пред четири години на СП во Русија.

„Тешка група, мораме да ги респектираме ривалите. Пред нас најпрвин е еден мини-турнир од три натпревари. Тука треба да бидеме на највисоко можно ниво. Не се плашиме, сакаме предизвик, мислам дека ќе успееме. Сите екипи се квалитени, силни, имаат потенцијал, но квалитет има и Србија. Ќе видиме како е биде во Катар“, изјавил Стојковиќ.

Србија првиот меч го игра со Бразил, а потоа пред избраниците на Стојковиќ се дуелите со Камерун и Швајцарија.

> Пикси: Тешка група, имаме квалитет да се носиме со противниците <

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации