Утрински Весник
Спорт

Пике му одговори на Куман: Не го носам овој дрес за да бидам втор или трет

Пике му одговори на Куман: Не го носам овој дрес за да бидам втор или трет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона освои само бод на гостувањето во Кадиз. Каталонвите имаа уште едно бледо издание, мечот го завршија со играч помалку, Де Јонг доби црвен картон во 66.минута, а во последните секунди од натпреварот поцрвене и тренерот Роналд Куман. Прашање е дали на овој начин Холанѓанецот неславно ја заврши својата мисија на „Ноу Камп“.

Работите во Барселона не одат на добро. По нерешениот резултат, заменик капитенот Џерар Пике, остро одговори на изјавата на тренерот дека нема со тимот што го има не може да се бори за титулата.

„Не го носам овој дрес за да бидам втор или трет, туку за да победувам и освојувам титули. Овој тим има се што е потребно да се бори за титулата. Горд сум на тимот. Не сме навикнати да се наоѓаме во ваква ситуација, но убеден сум дека ќе продолжиме да победуваме. Сите играчи се обединети, немој да правите поделби во тимот“, рекол Џерар Пике.

Барселона, има само една победа на последните пет натпревари. Во наредното коло ќе го пречекаат Леванте.

> Пике му одговори на Куман: Не го носам овој дрес за да бидам втор или трет <

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер