Утрински Весник
Свет

Пецас: Ердоган направи историска грешка со Аја Софија, мора да сноси последици

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грција ќе направи се што е во нејзина моќ за Турција да сноси последици поради претворувањето на Аја Софија во џамија, изјавил претставникот на грчката влада, Стелиос Пецас.

Тој во интервју за Скај ТВ рекол дека Грција ќе стори се што е во нејзина моќ турските власти да сносат последици поради одлуката Аја Софија, споменик под заштита на УНЕСКО, повторно да стане џамија, пренсе АНА.

Пецас оценил дека одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има меѓународна тежина и дека такво престапничко однесување и нанесување навреда ќе има соодветен, возвратен одговор.

Тој порачал дека Ердоган направил историска грешка и раздор кој мора да се надмине.

„ Секој кој ќе ги прекрши меѓународните прописи и закони со девијантно однесување, ќе сноси штетни последици“ предупреди Пецас.

Во меѓувреме грчкиот премиер Киријакос Мицотакис покрена серија меѓународни контакти по повод одлуката на турските власти да ја претворат Аја Софија повторно во џамија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони