Утрински Весник
Македонија

Пехчевскиот зелен пазар од понеделник почнува со работа

Пехчевскиот зелен пазар од понеделник почнува со работа
Dik 300x250 mk

Пехчево, 2 мај 2020 (МИА) – Пехчевскиот зелен пазар од понеделник под строго контролирани услови повторно почнува со работа. Согласно одлуката на општинскиот кризен штаб, на пазарот ќе се продава само зеленчук, овошје и прехранбени производи.
-Пазарот ќе стартува в понеделник на 4 мај, а притоа граѓаните се должни да ги почитуваат одлуките што се однесуваат на задолжителна употреба на маски и друга заштитна опрема, и да се придржуваат на потребното растојание со што ќе придонесеме за заштита на присутните лица на зелениот пазар на подрачјето на Пехчево, информира Кризниот штаб.
По завршување на пазарот, како што додаваат од општината, Јавното комунално претпријатие Комуналец ќе врши целосна дезинфекција на пазарот.
-Ќе се продолжи и со дезинфекција на колективните станбени згради и јавни институции, ќе се врши дезинфекција на ЈЗУ Здравствен дом, а ќе продолжиме и со дезинфекција на сите улици во градот и селските населби, додаваат од општината.
Оттаму апелираат на почитување на мерките и активностите за заштита од ширењето на вирусот, со што нема да се надмине бројката од два случаи на Ковид-19, колку што во моментот се регистрирани во Пехчево.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со стап нападнал полицаец – кривична пријава за маж од Виница

Снопче: Големата поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за „Вреди“ е опасна

Костадинов: Нов парк, спортска зона, безбеден сообраќај и силна поддршка за граѓаните, развојот на Валандово да продолжи