Утрински Весник
Македонија

Пехчевската градинка „7 Септември“ со комплетно нов ентериер

Пехчевската градинка „7 Септември“ со комплетно нов ентериер

Пехчево, 15 јуни 2020 (МИА) – Комплетирано е реновирањето на ентериерот во градинката „7 Септември“ во Пехчево. Во рамки на активностите, како што информираа од градинката, санирани се помошните простории, а обновена е и столаријата во објектот.

-Во изминатите неколку недели во рамки на активностите ги реновиравме ходниците и помошните простории, при што ги обновивме со нови плочки и врати за секојдневно одржување на хигиената по највисоки стандарди. Ваквите активности се во насока на обезбедување подобри услови за престој на дечињата во установата, истакнаа од градинката.

Во меѓувреме, како што додадоа, преземени се дополнителни мерки во насока на превенција од коронавирус.

-Согласно насоките и протоколите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, целосно ги дезинфициравме објектите на градинката во градот, како и останатите подрачните објекти во селата Црник и Чифлик каде исто така згрижуваме дечиња, додадоа од градинката „7 Септември’.

Во детската установа во Пехчево во тек е и доградба на трпезаријата во градинката, активност која се реализира согласно проектот за подобрување на општинските услуги. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“