Утрински Весник
Македонија

Пет цистерни ги дезинфицираат улиците во Општина Карпош

Пет цистерни ги дезинфицираат улиците во Општина Карпош

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Општина Карпош од денеска има на располагање уште една цистерна со што со вкупно пет цистерни ги мие и дезинфицира локалните улици на својата територија.

Како што информираат од општината, фирмата „Аква Спид“ ДООЕЛ Скопје ја додели цистерната на привремено користење во Карпош, без надомест, со цел уште повеќе да се подигне нивото на јавна хигиена во ек на пандемија на коронавирусот. Оваа цистерна претежно ќе чисти на потегот во Бардовци и Злокуќани.

-Ова е трета компанија, по „Анизор“ и „Гранит“, која ја покажува својата општествена одговорност и се вклучува во борбата за заштита од Covid–19, во делот на обезбедување почисти јавни површини. На терен, активно работат и двете цистерни на Општина Карпош, кои пред неколку месеци беа набавени преку грант за успешност од Светска банка што се доделува преку Министерството за финансии, велат од локалната самоуправа.

Најавуваат дека ќе продолжат со секојдневните активности за почист Карпош и намалување на шансите за ширење на коронавирусот. вј/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангелов: Активни се девет пожари, нови пожари во Охридско и Скопско

Давкова повторно се моли да заврне дожд

Повозрасен граѓанин починал во кругот на Комплексот клиники во Скопје