Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пет смртни случаи и 161 новозаразен во Србија

Пет смртни случаи и 161 новозаразен во Србија
300x250 opst2

Во последните 24 часа во Србија починале пет лица како последица на коронавирусот, а инфекција била потврдена кај 161 лице, покажуваат податоците на тамошниот Институтот за јавно здравје.

Во текот на изминатото деноноќие биле направени 10.764 тестови, со што вкупниот број на тестирања од почетокот на пандемијата се зголеми на 824.441 тест.

Во болница има 1.245 заболени пациенти, а 52 од нив на респиратори. Досега во Србија регистрирани се вкупно 689 смтни случаи како последица на Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 30.209 лица, а стапката на смртност е 2,28 проценти.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор