Сент Етјен, 19 јуни 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Сент Етјен потврди дека тестовите на играчи и вработени откриле пет позитивни случаи на новиот коронавирус.
Сите заразени сега се наоѓаат во домашна изолација, а клубот ги продолжува подготовките за почетокот на новата сезона.
Патем, тестирани се 33 играчи, 21 члена на стручниот дел од тимот и 38 вработени во клубот. Тројца фудбалери и двајца членови на стручниот штаб беа позитивни.
– Сите пет заразени лица се сретнаа во карантин и дотогаш не беа во контакт едни со други, објавија од францускиот клуб.
Француската лига е една од ретките во Европа што го објави крајот на првенството по избувнувањето на пандемијата на коронавирус.
Новата фудбалска сезона во таа земја започнува на 23 август.