Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пет објекти изгореа во голем пожар во тетовски Вејце, повредени четири лица

Пет објекти изгореа во голем пожар во тетовски Вејце, повредени четири лица
Img 7972

Тетово, 16 мај 2020 (МИА) – Четири лица со полесни повреди, еден хоспитализиран за испитување, изгорени вкупно пет објекти-куќи и штали со добиток е билансот од пожарот што вчера попладне се случи во тетовското планинско село Вејце. Пожарот започнал во 16 часот, а биле потребни неколку часа за да се изгаси и ликвидира.

– Интервениравме со два противпожарни камиони и седум пожарникари. Дадовме максимум да го ставиме под контрола. Имаше ветер што придонесе за ширење на огнот, истакна Ука Алити, командант на тетовската Противпожарна единица.

Од Итната медицинска помош на самото место е пружена помош на четири лица, а едно лице е однесено на интерно одделение за понатамошни испитувања.

Мештаните на кои им изгореле шталите имаат штета и поради тоа што им изгорел и дел од добитокот.ас/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?