Утрински Весник
Македонија

Пет лица се повредени во сообраќајка кај Хиподром

60-годишник загинал на патот Ресен – Охрид, излетал со возилото

На 21.8.2022 во 18:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза – клучка Хиподром се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бе-ем-ве 318“ со австриски национални ознаки, управувано од К.Б.(26) од Австрија и патничко моторно возило „опел инсигнија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(69) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Н.(66) од возилото „опел инсигнија“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Д.Ј.(29) и уште една малолетна сопатничка, двете од возилото „бе-ем-ве“, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Давкова: „Галичка свадба” ја отсликува македонската народна традиција и култура

Али Ахмети се сретнал со албанскиот претседател

Пожарите околу Скопје не беа случајни, туку намерно планирана акција вели Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ