Утрински Весник
Македонија

Пет илјади евра парична казна за управителот на кафе-барот „Интермецо“

Пет илјади евра парична казна за управителот на кафе-барот „Интермецо“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопското обвинителство предложи до Судот да изрече парична казна од 5.000 евра за управителот на кафе-барот „Интермецо“ кој ја отстранил пломбата по донесеното решение за забрана за работа.

Тој е обвинет за кривично дело симнување и оштетување на службен печат или знак.

„Обвинетиот, на 2 ноември, во деловните простории на правен субјект на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, симнал службен знак поставен од страна на овластено службено лице – инспектор за животна средина од Општина Центар. Знакот бил поставен заради осигурување на објектот, а врз основа на донесено решение за забрана за вршење угостителска дејност во рок од 30 дена, откако со мерења било утврдено дека угостителскиот објект емитувал ниво на бучава над пропишаните гранични вредности“, соопшти обвинителството.

Обвинетиот го отстранил службениот знак за запечатување на локалот, влегол во објектот и продолжил со вршење на дејноста.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот за обвинетото лице да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 50 евра во денарска противвредност.​​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња