Утрински Весник
Свет

Пет земји од ЕУ бараат преговори за поделбата на вакцини

Пет земји од ЕУ бараат преговори за поделбата на вакцини

Лидерите на Австрија, Словенија, Чешка, Латвија и Бугарија повикаа на преговори меѓу лидерите на Европската унија за дистрибуција на вакцини во блокот со 27 члена.

Овие земји се незадоволни од досегашната дистрибуција на вакцини.

Австриските медиуми денеска објавија дека петмината лидери испратиле заедничко писмо до претседателот на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Ова се случи откако австрискиот канцелар Себастијан Курц се пожали во петокот дека, иако ЕУ се согласи за дистрибуција на вакцини по глава на жител, некои земји добија значително повеќе од другите, пренесуваат медиумите во Австрија.

Во писмото се наведува дека „ако ова продолжи, ситуацијата ќе се влоши, создавајќи големи разлики меѓу земјите-членки ова лето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ќе патролира со Националната гарда по улиците на Вашингтон: Сега сите се безбедни

Ким Џонг-ун одржа церемонија во чест на загинатите војници кои се бореа за Русија против Укрина

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат дека пет од шест убиени Палестинци во Газа се цивили