Утрински Весник
Македонија

Пет деца побарале итна помош поради пијанство годинава

Пет деца побарале итна помош поради пијанство годинава
Dik 300x250 mk

Според статистичките податоци на Службата за итна медицинска помош, во периодот од јануари до јули годинава, значително е намален бројот на интервенции на лица во алкохолизирана состојба и лица повредени во сообраќајни несреќи во споредба со истиот период минатата година. Ова се должи на намалената фреквенција на движење и воведените мерките за спречување на ширење на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Од 1 јануари до 31 јули оваа година се регистрирани интервенции кај 5 деца до 18 години во алкохолизирана состојба, додека во 2019 година биле регистрирани интервенции кај 20 деца. Намален е и бројот на интервенции кај лицата на возраст од 20 до 40 години од 84 на 58 и кај лицата од 40 до 60 години, од 159 на 133.

Само во март, регистрирани се вкупно 43 интервенции кај лица во алкохолизирана состојба. За споредба, во овој месец минатата година имало 75 интервенции или 32 повеќе.

Забележано е намалување и на бројот на лица повредени во сообраќајни несреќи. Во март годинава, имало вкупно 87 лица повредени во сообраќајни незгоди, што е за 23 лица помалку споредено со истиот месец лани додека во април, во сообраќајни незгоди биле повредени 60 лица, или за 45 помалку во споредба месец април минатата година, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Политиката ја јаде и уметноста: ВРЕДИ за свој успех си припишува настап на Филхармонија во Виена

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

Забрчанец: Граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан