Белгискиот крал и кралица им оддадоа почит на жртвите oд самоубиствените терористички, бомбашки напади во главниот град.
Нападите се случиja пред точно пет години во метрото и аеродромот во Брисел, при што загинаа 32 лица, а стотици беа повредени.
Кралот Филип и кралицата Матилда ја започнале комеморацијата на аеродромот во Брисел заедно со премиерот Александар де Кру, пренесува агенцијата АП, додавајќи дека тие се сретнале со жртвите и нивните роднини, откако Филип положил цвеќе пред спомен плочата.
Тие продолжиле со рутата до метро-станицата Мелбек во центарот на Брисел, каде им оддале почит на жртвите со едноминутно молчење во 9:11 часот, што е точното време кога одекна експлозијата во воз во метрото, во близина на институциите на ЕУ.
На почетокот на годинава беше наложено судење за десет лица во врска со самоубиствените бомбашки напади во Брисел.