Утрински Весник
Свет

Петти ден по ред Русија пријавува над 800 починати од Ковид-19

Петти ден по ред Русија пријавува над 800 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа во Русија се потврдени 806 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, со што бројот на смртни случаи надминува 800 веќе петти ден по ред, а според официјалните податоци на рускиот Кризен штаб, 171.305 лица ја загубиле борбата против вирусот од почетокот на пандемијата.

Во изминатото деноноќие потврдени се и 20.765 новозаразени со коронавирус, а од почетокот на пандемијата, евидентирани се вкупно 6.621.601 заразен, објави ТАСС.

Можете да прочитате

Финска ќе проверува дали американското оружје платено од НАТО стигнува до Украина

Иранскиот претседател се закани со „разорен одговор“

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран