Утрински Весник
Магазин

Петтата сезона на „Луцифер“ поделена на два дела

Петтата сезона на „Луцифер“ поделена на два дела
Dik 300x250 mk

Петтата сезона на хит-серијата „Луцифер“ почна да се прикажува на стриминг-платформата “Нетфликс“ на 21 август, но фановите ќе мора да се стрпат за да видат што ќе се случи со ѓаволот-детектив дури во вториот финален дел.

Нетфликс отсекогаш планирал најновото продолжение  да се подели на два дела, со тоа што првите осум епизоди да завршат во клучен момент во кој се забележува долгоочекуваното појавување на таткото, Господ. Главните протагонисти Луцифер, Мајкл и Аменадил беа многу изненадени кога го видоа нивниот татко, особено ако се земе предвид колку беше таинствен во претходните сезони.

Сега, кога таткото на натприродниот Луцифер конечно се појави на сцена, фановите треба да очекуваат вториот дел од петтата сезона да биде исполнет со уште похаотична семејна драма.

„Нетфликс“ реши да ја преземе серијата од „Фокс“ по масовната кампања на фановите за спас на нивната омилена серија со ѓаволот детектив Луцифер Морнингстар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)