Утрински Весник
Политички Партии

Петровска: Полицијата не смее да биде инструмент за политички пресметки

Петровска: На јужната граница засега нема поголеми раздвижувања на мигранти, но опасноста постои

Велес, 6 март 2020 (МИА) – Полицијата не смее да биде инструмент преку којшто политичките партии меѓусебе ќе се пресметуваат, порача дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска при денешната посета на СВР Велес Петровска, наведувајќи дека е запознаена со случајот за несовесно работење на пет раководни службеници на СВР Велес, за кој предмет е поднесена кривична пријава до ОЈО. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека не сака  ова да се свати како нејзин притисок и остава ОЈО да го сработи овој предмет и очекува оттаму поскоро да излезат со став во врска со тоа.

-Затоа и ја упатувам пораката дека без оглед на политичките влијанија, тие треба да останат на нивото на својот професионален кредибилитет и да не дозволат која било политичка партија да влијае на нив, потенцира Петровска.

При минатонеделната посета на СВР Велес, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев одговарајќи на новинарско прашање информира дека се работи за случај за постапување по пријава на полициски службеници во село Горно Врановци, во Општина Чашка, за кривично дело кражба при нелегална сеча на дрва.

-По доаѓањето на местото на извршување на кривичното дело, полициските службеници ги пуштаат извршителите, ги растовараат дрвата  и извршителите заедно со средствата за извршување на кривичното дело – тракторот си заминуваат, информира Чулев.

Тој појасни дека при тоа е направена фото документација и има фото албум од настанот.

Како што прецизира министерот Чулев, полициските службеници делото го пријавиле како пронајдени предмети, а дополнителна грешка е што тие не постапиле согласно со Законот за кривична постапка, односно не го информирале ОЈО за понатамошно постапување.

Воедно, овие полициски службеници, како што нагласи министерот Чулев, по отворање на истрагата  од страна на Одделот за внатрешна контрола давале неточни и лажни изјави во ОЈО.

Министерот Чулев, на 28 февруари најави  дека  се комплетира документацијата за ова дело и во целост се работи во насоки и инструкции од страна на надлежниот јавен обвинител и во текот на денот ќе се поднесе соодветна кривична пријава во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за полициски службеници, а против наведените лица ќе се иницира соодветна дисциплинска постапка. ад/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт