Утрински Весник
Политички Партии

Петровска: На јужната граница засега нема поголеми раздвижувања на мигранти, но опасноста постои

Петровска: На јужната граница засега нема поголеми раздвижувања на мигранти, но опасноста постои

Велес, 6 март 2020 (МИА) – На подрачјето на нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема иако притисокот е долу на границата помеѓу Турција и Грција, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање дали има поголемо раздвижување на мигранти на јужната граница.
– Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од Фронтекс и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно, рече заменик-министерката Петровска при денешната посета на СВР Велес.
Таа потенцира дека апсолутно проблемот со мигранти по нашата граница постои се додека не биде решен од таму каде што потекнува. – На нас е да ги преземеме сите мерки, за тоа да биде претходно превенирано, потенцира Петровска. ад/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт