Утрински Весник
Македонија

Петровска им оддаде почит на загинатите херои во Куманово

Петровска: Заврши времето на партиски штабови во МВР

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска им оддаде почит на вечните почивалишта на загинатите херои кои загинаа пред пет години во Куманово.

– На овој ден, граѓаните на Европа го слават Денот на Европа, а ние со тага се присетуваме на 9 мај 2015 година, пред пет години кога загинаа осум припадници на Министерството за внатрешни работи: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ Нека им е вечна славата! И после пет години останува тагата за овие наши сограѓани, пријатели, колеги, роднини, зошто припадниците на МВР ги загубија своите животи. Секоја неправда има име и презиме, и ова злосторство има име и презиме. Никогаш да не се повтори, се вели во соопштението од Министерството. мс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интернет-порталите стануваат официјални медиуми со регистрација во АВМУ

Министерот Љутков откри кога ќе бидат исплатени задоцнетите плати на вработените

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност