Утрински Весник
Македонија

Петок неработен за граѓаните од православна вероисповед, понеделник за сите

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика  соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 17 април, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија е 20 април, понеделник, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Кузеска: Врв на безобразие, 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски наместо за плати, училишта и болници

Левица: Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен