Утрински Весник
Свет

Петнаесет светски лидери ќе присуствуваат на отворањето на Олимписките игри

Петнаесет светски лидери ќе присуствуваат на отворањето на Олимписките игри
Dik 300x250 mk

Лидерите на 15 земји од светот и разни меѓународни организации ќе бидат на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио, изјави денеска портпаролот на јапонската влада, што е значително помал број во споредба со истиот настан од 2016 година во Рио де Жeнеиро.

Високиот владин функционер Кацунубу Като на прес-конференција рече дека 70 високи функционери од целиот свет исто така ќе ја посетат Јапонија, додека бројот на ВИП лица кои ќе бидат на церемонијата во петок ќе остане непознат до последната минута, пренесоа агенциите.

Францускиот претседател Емануел Макрон и монголскиот премиер ќе бидат меѓу лидерите на земјите што најавија присуство во Токио, како и првата дама на САД, Џил Бајден.

Висок службеник на Министерството за надворешни работи на Јапонија изјави дека неодамнешното зголемување на бројот на пациенти од коронавирус принуди многу водачи да ја откажат својата посета на Јапонија.

Като навести дека посетите на лидерите на земјите ќе му дадат можност на премиерот на Јапонија, Јошихиде Суги, „да гради лични односи“ кога станува збор за дипломатијата „во четири очи“, што беше запрено од пандемијата на коронавирусот .

Повеќето настани на Олимписките игри, вклучително и церемонијата на отворање, ќе бидат без гледачи, бидејќи Токио е под ограничувачки мерки поради Ковид-19.

Можете да прочитате

Холандија добива прв геј премиер во историјата

Белата куќа ќе го ограничува пристапот за новинарите

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“