Утрински Весник
Македонија

Петмина нови заразени со Ковид-19 (Дополнето)

Петмина нови заразени со Ковид-19

 

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека од десетмината кои попладнево беа тестирани за коронавирус, петмина се позитивни на Ковид-19.

– Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и четири здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, се наведува во соопштението на Министерството.

Претходно денеска министерот за здравство Венко Филипче изјави дека епидемијата е во силен ек и секоја епидемија има свој тек, има почеток, акцелерација, пик, односно врв на кривата и понатаму намалување, спласнување на случаите.

– Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци кои што ги знаеме, движењата на луѓето, бројот на заболени во периодот кој што доаѓа да се зголемува. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија, изјави Филипче.

Министерот нагласи дека очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид-19 и за месец дена да биде пикот на болеста, но не препорачува граѓаните тоа да го сфатат здраво за готово бидејќи се базира на претпоставки.

– Секоја вироза има пик по што се намалува бројот на заболени. Тешко е да се предвиди кога ќе биде пикот во земјава и ова што го кажувам треба да се земе со резерва зашто се базира на некои претпоставки, проценки и матеметики. Можно е бројот на заболени пациенти во нашата земја да достиген до 2.000, а пикот да биде за околу еден месец од сега, рече Филипче.

Тој истакна дека се преземени мерки, ќе се преземаат и понатаму, се што треба, се со цел да застанат на патот на ширењето на инфекцијата.

– Затоа, останете дома, не се собирајте, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итност, ограничете го движењето, не контактирајте многу со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца таму каде што има повеќе луѓе, задолжително одржувајте лична хигиена, често миење на рацете 20-30 секунди. Од сите нас зависи, од сите поединци, компании, институции, максимално сериозно мора да пристапиме на ова прашање. Ова не е шега, апелираше министерот. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени