Утрински Весник
Свет

Петмина загинати во верижен судир од 70 возила во Тексас

Петмина загинати во верижен судир од 70 возила во Тексас

Најмалку пет лица загинаа денеска во верижен судир на повеќе од 70 возила, а десетици луѓе се повредени, на лизгав меѓудржавен пат во американската сојузна држава Тексас, соопштија локалните власти.

Противпожарната служба „Форт Ворт“ соопшти дека нејзините членови оделе од автомобил до автомобил, од кои некои биле разбиени и им пружале помош на повредените, објави Ен-Би-Си Далас-Форт Ворт.

Портпаролот на локалната болница за Ен-Би-Си изјавил дека по инцидентот хоспитализирани биле 36 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија

Кенеди: Ова е новата пирамида на храна, не е се превртено, туку досега беше така

Стив Бенон: Канада е следната Украина