Утрински Весник
Македонија

Петличковски: Скринингот во училиштата ќе биде со брзи тестови иако потешко откриваат омикрон

Петличковски: Скринингот во училиштата ќе биде со брзи тестови иако потешко откриваат омикрон

Новиот претседател на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски по првиот состанок на новиот состав објасни дека препорачуваат учење со физичко присуство оти процентот на заразени на возраст од 12 -18 години не бил голем во однос на целата популација, а работат и на планот за најавениот скрининг во школите.

„Се размислува скринингот да биде со брзи тестови кои не се многу на број, неколку илјади, десетина – дваесет илјади се на располагање, и ќе биде на случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие групи. Брзите тестови имаат пониска специфичност за детектирање на омикрон отколку на делта сојот но и таа специфичност се движи некаде над 50 проценти па ќе бидат некако употребливи“, вели претседателот Петличковски.

Главна препорака останува вакцинацијата и почитување на мерките за носење маска и одржување дистанца. Комисијата во новиот состав ќе се базира на следење на научните студии и прилагодување и примена на светските искуства од студиите и кај нас.

„Омикронот може да го избегне имунитетот од прележување на делта варијантата и може да го избегне имунитетот кој е постигнат со вакцина ако е примена долго време наназад. Единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата, вклучително третата доза. Има студии кои кажуваат дека заштитата од инфекција пораснува над 80 проценти со третата доза вакцина и секако инсистираме инсистираме да останат мерките за носење маска и одржување дистанца“, рече претседателот Петличковски.

Првиот состанок на Комисијата со нов состав траел два часа на кои членовите се запознавале со работата, а покрај за учебната година и скринигот, разговарале за стимулирање на вакцинацијата и за вакциналните сертификати.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово