Утрински Весник
Свет

Петков ја поднесе оставката

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја поднесе оставката до Владата, јави репортерот на БГНЕС.

Оставката е поднесена по курир, велат за БГНЕС од прес-центарот на Народното собрание. Петков рано изутрината пристигна во зградата на Министерскиот совет, придружуван од обезбедувањето и без коментар.

БГНЕС потсетува дека владата падна по гласањето за недоверба на 22-ри јуни. За недоверба гласаа 123 пратеници, против беа 116. Воздржани немаше. Гласањето го поднесе ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

Шефот на државата ќе ги започне консултациите со пратеничките групи за врачување на мандатот за формирање нова влада откако премиерот веќе ја поднесе оставката на актуелната влада до Народното собрание.

Кирил Петков веќе неколку пати изјави дека ќе се обиде да формира нов кабинет, откако му врачи мандат од претседателот на „Продолжуваме со промената“. Според него, главниот состав ќе биде ист.

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула