Утрински Весник
Македонија

Петков не знае дали парламентот ќе се произнесе за францускиот предлог до самитот на ЕУ

Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека бугарското МНР преку собраниската Комисија за надворешна политика треба да ја разјасни суштината на францускиот предлог за Република Северна Македонија.

Петков не знае дали парламентот ќе се произнесе за предлогот до средбата на европските лидери следната недела. Ако не, тој нема мандат да се обврзе да го укине ветото на Бугарија за почеток на преговорите.

Петков објасни дека на самитот на ЕУ следната недела нема да оди со владиниот став, туку со ставот на парламентот, доколку го има.

„Европската унија дава можност да се гарантираат правата на Бугарите во Северна Македонија преку јасен механизам дека Република Северна Македонија не ги почнува преговорите за Европската Унија пред промената на Уставот. Меѓувладината конференција треба да започне откако ќе го сменат Уставот, но ако го сменат својот устав, Бугарија нема да може повторно да ги спречи и ќе гарантираме дека нема да измислуваме по еден услов на секои 6 месеци“.

За коментарите на шефот на државата Румен Радев утринава за состојбите во Собранието и барањето поддршка за опстанок на владата, премиерот рече:

„Да му го честитаме роденденот, тој денес има роденден, да е жив и здрав. А она што можам само да му посакам со сигурност е – луѓето што некогаш го поддржуваа на плоштадот беа истите луѓе кои нè поддржаа пред собранието. Највредната политичка карактеристика, според мене, е да ги слушаме“.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот