Утрински Весник
Свет

Петков: Нема да се согласиме со руските услови

Премиерот на Бугарија Кирил Петков изјави дека властите на таа земја нема да се согласат со условите на Русија кога станува збор за плаќање на гас во рубли.

– Мора да дејствуваме заедно и брзо. Затоа што нема да се согласиме со тоа. Никој нема право еднострано да ги менува условите на договорот. Кога би го прифатиле тоа, тоа би било првата пукнатина во европското семејство, а Бугарија нема да биде причина за тоа – изјави Петков за француски „Монд“.

Според него, Бугарија има директни испораки за еден месец, доколку не се променат околностите.

Но, Софија смета на завршување на интерконекторот со Грција на крајот на јуни и на заедничката стратегија на ЕК за набавка на течен гас.

– Се надеваме на што поскора помош од Азербејџан, како и заедничко купување на течен гас, очекуваме солидарност од сите европски земји. Обединети сме, силни, а не поделени – рече Петков.

Да потсетиме, „Газпром“ вчера ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија бидејќи не ги подмирувале обврските по новиот принцип – во рубли.

Можете да прочитате

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога