Утрински Весник
Македонија

Петков: Нема да нè спречите! Јас и Ковачевски нема да подлегнеме на провокации

Петков: Нема да нè спречите! Јас и Ковачевски нема да подлегнеме на провокации

Бугарскиот премиер Кирил Петков на својот фејсбук-профил објави дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу двете земји и нема да подлегнат на провокации.

„Замислете како граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија уживаат меѓусебно почитување, почитување на нивните права и просперитет. Двете земји треба активно да придонесат за развој на заеднички компании, да имаме растечки економии, да имаме заеднички детски кампови, концерти, едукативни програми, да нема дискриминација и говор на омраза, да се градат автопати, да имаме модерни железнички линии. За многумина овие зборови звучат како сон, други провоцираат за да не се случи, трети не сакаат стабилност на Балканот. Јас и Димитар веруваме дека тоа е возможно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме заедно да го постигнеме тоа. На сите злонамерни страни можам само да им кажам: нема да нè спречите!“, напиша Петков на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје