Утрински Весник
Свет

Петков ги повика граѓаните да ја донираат својата месечна плата за помош на Украина

Dik 300x250 mk

Бугарскиот премиер Кирил Петков ги повика граѓаните да донираат месечна плата во фондот за набавка на оружје за воено разурната Украина, јавува агенцијата Анадолија (AA).

„ Го повикувам секој бугарски граѓанин, кој навистина сака да ѝ помогне на Украина, да донира плата како мене. Зборовите се лесни, а делата се тешки“, напиша Петков во објавата на својот Фејсбук профил.

Споделувајќи фотографија од банкарската потврда за неговата донација на Фејсбук, Петков истакна дека е потребно политичко и општествено единство за испраќање воена помош во Украина.

„ Има многу екстремни ставови за ова прашање во јавната сфера. Мислам дека е дојдено време оваа јавна енергија да се претвори во вистинска акција“, рече Петков.

Тој истакна дека Русија не им објавила војна на европските земји кои испраќале оружје во Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба му се заблагодари на Петков за покренувањето јавна кампања за собирање средства за Украина.

„ Овој потег ја покажува вистинската бугарска солидарност со Украина. Се чувствував добро кога бев примен од премиерот Петков во Софија минатата недела“, рече Кулеба на Твитер.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот