Утрински Весник
Политички Партии

Петковски: Да не гледаме низ етничка и партиска призма на локалните избори

Петковски: Да не гледаме низ етничка и партиска призма на локалните избори

Во рамки на подготовките за претстојните локални избори, претседателот на НСДП Тито Петковски вчера во Тетово имаше работна средба со претседателите на општинските организации на партијата од шестата изборна единица.

Петковски истакна дека во пресрет на локалните избори НСДП се отвора и кон граѓаните кои немаат партиски афинитети и се насочува кон мобилизирање на сите граѓани кои имаат идеи за унапредување на квалитетот на животот во општините.

„Да дадеме можност и на оние кои не се партиски определени, на тој начин не само што граѓаните ќе имаат шанса да гласаат за градоначалници или членови на советите кои имаат квалитетни програми, туку ќе се надмине и уште една лоша пракса во раководењето на општините, односно ќе се направи директен политички исчекор кон дискредитирање на мерит системот на локално ниво врз основа на етничка припадност. Водењето на кадровска политика по основ на селективна етничка фаворизација го отежнува пристапот до локалните институции на поединците кои не гравитираат кон етнички профилирани политичка партии“, рече Петковски.

Претседателот на НСДП пред сопартијците порача дека давањето шанса на неопределените политички да ги артикулираат своите идеи, знаење и визии, ќе ја релативизира етничката и чисто партиската призма низ која партиите, а и граѓаните, гледаат на локалните избори.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт