Утрински Весник
Спорт

„Петелот“ Белоти се сели во Рим

Андреа Белоти повеќе од 1.јули е слободен играч. Популарниот Гало (Петел) реши по седум години да го напушти Торино. За овој клуб од 2015 година одигра 270 натпревари во Серија А, постигна 106 голови.

dobivaj vesti na viber

Белоти, од крајот на сезоната се поврзуваше со многу клубови, одбил неколку понуди, а во изминатите денови донел одлука да ја прифати понудата од Рома.

„Тутомеркато“, тврди дека Гало кариерата сигурно ќе ја продолжи кај Жозе Мурињо.

Ова значи дека португалскиот тренер во само неколку дена ќе доби исклучителен квалитет во офанзивната линија. Познато е дека Паоло Дибала од наредната сезона ќе игра во Рома.

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија