Утрински Весник
Свет

Песков: Ќе ги намалиме контактите со непријателските земји

Русија ќе го намали нивото на контакт со земјите додадени на списокот на непријателски држави, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

– Природно е дека ставањето на листата на непријателски земји значи намалување на нивото на контакти. Ова е работа на владата, владата е таа што носи таква одлука. И тоа е едноставно поврзано со непријателското однесување на тие земји – рече Песков, коментирајќи го фактот дека Русија го прошири списокот на непријателски земји.

Руската влада го ажурираше списокот на земји за кои тврди дека преземаат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва во странство, а на листата се додадени Хрватска, Грција, Данска, Словенија и Словачка, пренесе Телеграф.

Можете да прочитате

Џонсон: Воената операција против Иран ќе биде брзо завршена

Протест во Прага поради намалувањето на воените трошоци

Велика Британија ги осуди нападите на Иран врз британско-американската база и ги нарече неодговорни