Утрински Весник
Свет

Песков: Секој што вооружен ќе нападне наш војник станува мета

Песков: Секој што вооружен ќе нападне наш војник станува мета
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој им се дозволува на сите граѓани на Украина да користат оружје за време на војната, а од Москва стигна предупредување дека секој што ќе ги нападне нивните војници ќе стане мета.

– Ако некој нападне војник на Руската Федерација, а тој има оружје во рацете, тој станува мета – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков го коментираше и повлекувањето на Русија од Советот на Европа и рече дека тоа значи и повлекување од сите нејзини институции.

Зборувајќи за средбата меѓу Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба во Турција, Песков рече дека Киев постојано предлага средба меѓу Путин и Зеленски.

Прашањето сега го разгледуваат министрите за надворешни работи на Русија и Украина – рече Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така истакна дека ваква економска војна досега не била водена против Русија.

– Ситуацијата е без преседан, не вреди да се даваат прогнози, потребни се мерки – рече Песков.

Зборувајќи за бомбардирањето на породилиштето во Мариупол, Песков рече дека Кремљ се уште нема информации што точно се случило и дека чекаат воен извештај.

– Ќе ја прашаме нашата армија, бидејќи се разбира, немаме точни информации што се случило таму, а нашата армија секако ќе ги даде тие информации – рече Песков.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп