Утрински Весник
Свет

Песков: Путин ќе го послуша мислењето на професионалците за вакцината

Песков: Путин ќе го послуша мислењето на професионалците за вакцината

Рускиот претседател Владимир Путин ќе го послуша мислењето на професионалците кога ќе донесе одлука за вакцинација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Општо земено, Путин навистина навлегува во детали кога станува збор за сите проблеми“, рече Песков во интервју за телевизијата „Русија 1“, одговарајќи на прашањето чие мислење ќе го чуе претседателот кога одлучува за вакцинација, пренесе ТАСС.

„Нема толку многу специјалисти“, истакна Песков.

Путин на годишната прес-конференција во четвртокот рече дека не бил вакциниран, бидејќи вакцината сè уште не е одобрена за граѓани на негова возраст, но дека тоа дефинитивно ќе го стори веднаш штом тоа ќе биде можно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Украина има потреба од 700.000 тони дизел и бензин месечно

Џеј Ди Венс: Ќе објавиме досиеја за вонземјани, верувам дека тоа се демони

САД уништиле само една третина од ракетниот арсенал на Иран?