Утрински Весник
Свет

Песков: Путин не одби средба со Зеленски, го чека текстот на договорот

Песков: Путин не одби средба со Зеленски, го чека текстот на договорот

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да се сретне со својот украински колега Володимир, но пред тоа е неопходно да се подготви нацрт-договор меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој истакна дека се уште нема вести за тоа прашање.

– Веќе кажавме дека, во принцип, рускиот претседател никогаш не одбил таква средба, но пред да се одржи, мора да се исполнат одредени услови, односно да се дополни текстот на документот – рече Песков.

Претходно денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу изјави дека средбата на Путин со Зеленски не е далеку и дека се зависи од согласноста и ставот на рускиот лидер.

Песков додаде дека рускиот претседател бил информиран за пожарот на крстосувачот Москва.

Коментирајќи ја најавата од Турција дека претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе разговара со својот руски колега во наредните денови, Песков рече дека Кремљ ќе ја информира јавноста дали и кога ќе се одржи тој разговор.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија