Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Песков: Путин му се извини на Вучиќ за Захарова

Песков: Путин му се извини на Вучиќ за Захарова
Img 7972

Портпаролот на Крем, Дмитриј Песков, за РИА Новости потврди дека претседателот Владимир Путин му се извинил на претседателот Александар Вучиќ за непримерната објава на „Фејсбук“ на официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Според РИА Новости, српскиот претседател Александар Вучиќ за српскиот јавен сервис изјави дека рускиот лидер Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се извиниле за објавата на Захарова за посетата на српската делегација на Вашингтон.

Песков тоа го потврди за РИА Новости.

Вучиќ рече дека имал „одличен телефонски разговор“ со неговиот руски колега.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесе дека претседателот на Русија, Владимир Путин, покрај Лавров, се извинил и за несоодветната објава на Марија Захарова на „Фејсбук“ и му рече дека руската држава не стои зад него, а особено не тој лично.

„Путин, како и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, никогаш не ми се извинија за ништо, и двајцата го сторија тоа за вакво нешто, без јас дури да го спомнам тоа“, изјави Вучиќ за РТС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот