Утрински Весник
Свет

Песков: Планираме да ги издржиме санкциите и да ја завршиме целта во Донбас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за Си-Ен-Ен дека Русија планира да ги издржи западните санкции и да ја заврши својата цел во регионот Донбас во источна Украина.

Одговарајќи на прашањето за намерата на Русија да окупира делови од украинските територии во Одеса, Харков и Херсон, Песков рече дека одлуката ќе зависи од „волјата на локалното население“.

„Цел број еден е да се заштитат жителите на Донбас и Луганск од оние кои моментално го гранатираат Доњецк и убиваат цивили таму, а тоа го прават во последните осум до девет години“, рече портпаролот на Кремљ.

Можете да прочитате

Сексуалната злоупотреба се почеста во Германија

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл