Утрински Весник
Свет

Песков: Москва се надева на пореална позиција на Киев по посетата од ЕУ

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Москва се надева дека посетите на германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис на Киев ќе и помогнат на Украина да заземе пореален став за конфликтот со Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во изјава за медиумите тој нагласи дека Русија е скептична за изгледите за враќање на Украина на преговарачка маса.

Според него, Москва се надева дека четворицата лидери нема да се фокусираат само на поддршка на Украина со акумулирање оружје, бидејќи таквата политика ќе биде „апсолутно бескорисна“ и само ќе го продолжи страдањето на народот и ќе предизвика дополнителна штета на украинскиот народ.

Песков истакна дека Москва, наместо тоа, се надева дека четворицата европски лидери ќе ги искористат тие контакти за да го убедат украинскиот претседател Володимир Зеленски да заземе „пореална позиција за ситуацијата“.

Портпаролот на Кремљ рече дека Москва се надева дека посетата ќе помогне да се разјасни ставот на Украина за извозот на жито и повтори дека Русија е подготвена да го овозможи тоа доколку украинските сили ги деминираат областите долж брегот.

– Не знаеме точно дали Украина го сака тоа, бидејќи тие молчат по тоа прашање – нагласи Песков и додаде дека се очекувало тоа да биде тема и на посетата на Киев, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат