Утрински Весник
Свет

Песков: Западот продолжува да зборува за санкциите со манијакална упорност

Песков: Западот продолжува да зборува за санкциите со манијакална упорност

Русија бара решавање на најсложените прашања во односите со Западот преку дијалог, додека Европската Унија и САД продолжуваат да зборуваат за санкции со манијакална упорност, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, прашан за коментар за можноста за нови ограничувања против Москва, пренесува ТАСС.

„За жал, Брисел постојано зборува за санкции. Така прават и САД. Со манијаклна упорност. Ова никогаш нема да го поздравиме. Тоа е нешто што воопшто не ни се допаѓа”, рече Песков.

Песков истакна дека Русија се надева оти политичката волја за продолжување на дијалогот ќе добие предност и најсложените прашања во односите со Западот ќе бидат решени исклучиво во рамките на дијалогот .

„Од друга страна, потенцијалната закана од вакви непријателски манифестации не обврзува да останеме мобилизирани и да бидеме на штрек“, рече Песков.

Тој истакна дека Москва никогаш не презела одмазднички мерки со кои би си пукала в нога.

„Одговорот секогаш беше добро разгледуван и во согласност со нашите интереси“, рече Песков, додавајќи дека Русија е подготвена да ја земе предвид загриженоста на своите партнери, давајќи приоритет на своите интереси

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд