Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Песков: Загрижени сме затоа што САД ги зголемува тензиите

Песков: Загрижени сме затоа што САД ги зголемува тензиите
Img 7972

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Москва со загриженост следи како САД ги зголемуваат тензиите и дека повеќе ќе се знае за натамошните преговори меѓу двете земји откако Русија ќе добие одговор од американската страна на предлозите за безбедносни гаранции.

Запрашан дали тоа што САД ставија 8.500 војници во готовност за трансфер во Европа влијае на текот на преговорите, Песков одговори негативно, додавајќи дека преговорите, всушност, се завршени во сегашната фаза, пренесува РИА Новости.

Песков посочи дека, пред да биде јасно како и кога ќе продолжат преговорите, Москва треба да добие одговор од Вашингтон и изрази надеж дека тоа ќе се случи оваа недела.

Можете да прочитате

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп