Утрински Весник
Свет

Песков: Главната цел на руската операција е да се спасат републиките Доњецк и Луганск

Песков: Главната цел на руската операција е да се спасат републиките Доњецк и Луганск

Русија се надева дека за време на воената акција во Украина ќе биде исполнета една од нејзините главни задачи за спас на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) и враќање на нивната државност, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Русија го призна суверенитетот на Народните републики Доњецк и Луганск. Ја признавме нивната независност, ги признавме како независни држави. Операцијата е започната на барање на овие две републики. „Една од главните цели на операцијата е да се спасат овие републики и да се врати нивната државност во границите од 2014 година, во границите содржани во уставите и на Доњецката и на Луганската народна република“, рече Песков во интервју за Белорусија-24.

Портпаролот на Кремљ, исто така, рече дека се надева оти сите „задачи од специјалната воена операција ќе бидат исполнети“.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега