Иван Перишиќ ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната. Хрватот бил разочаран од ваквиот развој на ситуацијата.
Италијанските медиуми пишуваат дека Перишиќ се чувствувал измамено од страна на баварскиот клуб, бидејќи во текот на сезоната добил ветување дека по завршувањето на сезоната ќе биде откупен неговиот договор од Интер.
„Баерн би морале да му плаќаат 10 милиони евра годишно и покрај тоа би требало да му плати на Интер помеѓу 15 и 20 милиони евра. Тоа се премногу пари за крилен играч кој ќе биде четврти избор на таа позиција по Лирој Сане, Серж Гнабри и Кингсли Коман“, пишува геранскиот „ТЗ“.
Менаџерот на Перишиќ веќе започнал да бара нов клуб за својот клиент. Се шпекулира дека Манчестер Јунајтед биле сериозно заинтересирани за Перишиќ. Интер и ЈУнајтед и направиле размена во која Перишиќ би завршил на „Олд Трафорд“, а Алексис Санчез би останал во Интер.
Иван Перишиќ има 31 година, во кариерата играл за Роселар, Бриж, Волфсбург, Борусија Дортмунд и Интер.
> Перишиќ го напушта Минхен, најблиску е до трансфер Манчестер Јунајтед <