Утрински Весник
Свет

Пепси донесе одлука: Ја прекинуваме продажбата на нашите пијалоци во Русија

Пепси донесе одлука: Ја прекинуваме продажбата на нашите пијалоци во Русија

Пепси ја суспендира продажбата на своите безалкохолни пијалоци и светски брендови на пијалоци во Русија по инвазијата на Украина, пишува Блумберг.

Компанијата ги паузира и капиталните инвестиции, рекламирањето и промотивните активности во земјава. Пепси има хуманитарна одговорност да понуди други производи, вклучително и секојдневна храна како млеко и детска формула, се вели во соопштението.

„Продолжувајќи да работиме, ќе продолжиме да ја поддржуваме егзистенцијата на нашите 20.000 руски соработници и 40.000 руски земјоделци во нашиот синџир на снабдување бидејќи тие се соочуваат со значителни предизвици и несигурности“, рече извршниот директор Рамон Лагуарта во писмото до вработените во вторникот.

Компанијата, исто така, доставува помош за украинските бегалци, рече Лагуарта.

Можете да прочитате

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур