Утрински Весник
Магазин

Пепелта на Принс ќе биде изложена во Пејсли парк по повод петтата годишнина од неговата смрт

Пепелта на Принс ќе биде изложена во Пејсли парк по повод петтата годишнина од неговата смрт
Dik 300x250 mk

Хитмејкерот на Purple Rain почина во април 2016 година по случајно предозирање со фентанил, а сега е потврдено дека следниот месец неговата пепел ќе биде изложена во атриумот на комплексот во Пејсли Парк, Минесота, каде што живееше, за да се одбележат пет години од неговата смрт.

Претставници на Пејсли Паркот објавија дека имотот – кој беше отворен како музеј по смртта на култниот музичар – ќе може да прими по 1.400 луѓе внатре во комплексот за 30-минутна посета на атриумот на 21 април.

Пејсли Парк, приватниот имот и студио на Принс, се отвори за туристички тури неколку месеци по неговата смрт. Турите вклучуваат посета на студија во кои Принс ги снимил, продуцирал и миксал неговите најголеми хитови, како и сцената на која вежбал со часови и одржувал ексклузивни приватни концерти. Изложени се и илјадници артефакти од неговите лични архиви, иконска облека од неговите концерти, награди, музички инструменти, уметнички дела, ретки записи, автомобили и мотоцикли.

Можете да прочитате

Што откриваат ладните дланки и стапала за вашето здравје

Есенска детоксикација: Подгответе го телото за студените месеци со природно прочистување

Го знаете ли овој трик? Како бананите да останат свежи и да не потемнат