Утрински Весник
Свет

Пентагон: Нов руски конвој напредува кон Киев

Пентагон: Нов руски конвој напредува кон Киев

Соединетите Американски Држави објавија дека нов руски конвој се движи од североисток кон Киев, додека оној кој се приближува до главниот град на Украина од север стои веќе неколку дена.

„Сакам да го свртам вашето внимание на фактот дека тие почнуваат да се обидуваат да напредуваат кон Киев од североисток“, изјави висок претставник на Министерството за одбрана на новинарите. „Проценуваме дека се оддалечени околу 60 километри од градот“, прецизира тој, но не можеше да каже колку возила имало во колоната.

Според претставникот на Пентагон, Русите се „фрустрирани“ затоа што нивното напредување од север кон Киев веќе неколку дена нема многу напредок поради украинскиот отпор, логистичките проблеми и снабдувањето.

Тој зборувал за главниот руски конвој од околу стотина возила, кој е на дваесетина километри од Киев, а друг е блокиран на околу 150 километри од главниот град, во Чернихив, пренесуваат агенциите. Според нивните информации, новозабележаниот конвој е дел од напорите на Москва да го опкружи Киев и да го принуди да капитулира, кажал и официјалниот претставник.

„Бидејќи не го постигнаа географскиот напредок на кој мислиме дека се надеваа, тие го интензивираа бомбардирањето на градот со ракети, проектили, артилерија и воздушни напади“, додаде тој, додавајќи дека повеќе цивили се под оган. „Тие го зголемуваат притисокот врз Киев“, истакнал неименуваниот официјален претставник.

Можете да прочитате

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади