Една корисничка на словенечкиот дом за стари лица починала откако примила вакцина против коронавирус, што ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, пренесуваат словенечките медиуми.
Сепак, како што забележуваат, нејзината смрт не била директно поврзана со вакцинирањето, тaa исто така страдала и од други придружни болести.
Како што објави словенечката телевизија, случајот бил пријавен кај здравствените власти, но засега не се познати конкретни податоци, пренесува хрватски „Индекс“.
Националниот институт за јавно здравје објави дека досега добиле само еден извештај за несакани ефекти по вакцинирањето и еден смртен случај кој се совпаѓа со вакцинацијата, за што потоа го известиле Министерството за здравство.
Министерството, наводно, ќе свика комисија за вакцинација за детално проучување на случајот и утврдување дали има каква било врска помеѓу вакцинацијата и смртта на корисникот.